Деле Али има само една цел – враќање во репрезентацијата за СП 2026

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Фудбалерот на Евертон, Деле Али изјави дека целта му е да се врати во репрезентацијата на Англија до Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

Англичанецот последниот натпревар го одигра на 26 февруари 2023 година за Бешикташ. Неговата позајмица заврши минатата година по што се врати во Евертон. Сепак, Шон Дајч не го користи, па не беше вклучен во протоколот за ниту еден натпревар оваа сезона.

Но, тој доживеа и повреда на препоните кон крајот на 2023 година. Сепак, тој и понатаму сака да игра фудбал на највисоко ниво. Тој во интервју за Sky Sports изјави дека целта му е да се врати во репрезентацијата на Англија на Светското првенство кое ќе се одржи во 2026 година.

„Имам потсетник на мојот телефон дека секој ден во 11 часот пишува: СП 2026. Тоа е мојата цел. Тоа е моето ниво“, изјави Али.

Најдобриот млад играч на поранешниот премиерлигаш на 11 април наполни 28 години, но нема сомнеж дека се уште има простор повторно да игра на врвно ниво. Откако го напушти Тотенхем во 2022 година, неговата кариера тргна во надолна линија. Ќе видиме дали Али ќе успее во намерата да игра на Мундијалот.

Слични содржини