Двопартиска конгресна делегација вчера вети одлука за продолжување на американската воена помош за Тајван во вредност од 300 милиони долари, пренесува „Асошиетед прес“.
Конгресот во саботата одобри и дополнителни 400 милиони долари наменети за намалување на кинеското влијание во регионот како дел од својот Закон за одбрамбени средства.
„Продолжуваме да ги уверуваме нашите колеги дека стратешките односи се од клучно значење за безбедноста на регионот во иднина. Ова вклучува силна тајванска поморска стратегија како и планови за соработка за заеднички цели и спротивставување на сè поагресивните дејства на Кина во регионот,“ истакна претседателот на конгресниот Поткомитет за разузнавање и специјални операции, Џек Бергман, кој ја предводи двопартиската делегација.
САД официјално не го признаваат Тајван, но воено му помагаат на островот и ја сметаат кинеската политика кон автономиата територија за „закана“.
Претходно овој месец, потпретседателот на кинескиот регион Тајван, Ксијао Би-Ким беше во приватна посета на САД, а портпаролот на Кинеската амбасада, Лиу Пенгју, рече дека Кина силно се противи на каква било форма на официјална интеракција „меѓу САД и кинескиот регион Тајван“.