По повод четири годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Република Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ предводена од потпретседателот Дамјан Манчевски, денеска положи цвеќе на неговото вечното почивалиште.
-СДСМ и сите граѓани на Македонија, со пиетет се сеќаваат на достигнувањата кои претседателот Киро Глигоров ги оствари за државата – се вели во соопштението на партијата.
