Делегација на Левица во посета на Москва

од Nikola Popovski
306 прегледи

Денеска, по повод 100 годишнината од формирањето на пионерската организација на Советскиот Сојуз, делегацијата на Левица, составена од членот на Президиумот, Реџеп Исмаил и координаторот на Сектор – Надворешна политика, Александар Симонов, учествувале на централната прослава организирана од КПРФ на Црвениот плоштад во Москва.

Според партијата, на настанот, како гости земале учество уште и делегации од Народна Република Кина, Куба, Демократска Народна Република Кореа, Виетнам и Северна Осетија.

-Во рамки на прославата, нашите претставници остварија средба со лидерот на КПРФ, другарот Генадиј Зјуганов, раководството на партијата и дел од пратениците во Државната дума на Руската Федерација, велат од опозициската партија.