• 400 гр мали компирчиња
  • 50 g на маслиново масло
  • 50 г путер
  • хималајска сол
  • бибер
  • 1 китка свеж магдонос
  • 1 лимон
  • 1 лажица кора од лимон
  • 1 лажица сок од лимон
  • 4 чешниња лук

Kompiri-na-svedski-nacin-750x500

Подготовка

Измијте ги компирите. Доколку се млади и со тенка лушпа нема потреба да се лупат. Во спротивно излупете ги и со нож засечете.

Стопете го путерот, додадете го маслиновото масло, кората од лимон и сокот од лимон. Изрендајте го лукот и додадете го во смесата. Загрејте ја рерната. Ставете ги копирите во сад за печење. Посипете ги внимателно со половина од смесата со путер, масло и лимон. Зачинете ги со хималајска сол и бибер и ставате ги да се печат.

Оставате ги да се печат 30 минути, а потоа посипете ги со останатата половина од смесата.

Штом се потпечат и добијат боја, извадете ги и посипете ги со свеж магданос.

Уживајте во крцкавите, вкусни компирчиња./ Јадиздраво

Слични содржини