Совршена комбинација на слатко и солено: Пробајте вкусни колачиња со мини переци и путер од кикирики!

НЕ ВИ ТРЕБААТ НИ ЈАЈЦА!

од desk4

Овие коцки со мини переци и путер од кикирики се најдобрата закуска за вашата следна забава! Имаат кора со мини переци, а под кората има слоеви од путер од кикирики, чоколадо, кокос и прелив од засладено кондензирано млеко.

 

Дали ви се допаѓаат слатки и солени комбинации? Ако одговорот е да, тогаш имаме вистинско уживање за вас. Колачињата направени од мини переци и путер од кикирики ќе ги воодушеват сите кои сакаат благи јадења и оние кои се повеќе склони кон солени задоволства. Тие се истовремено меки, крцкави, слатки, солени и вкусни.

 

Состојки:

150 грама мини переци

75 грама стопен путер

3 лажици шеќер

1 конзерва засладено кондензирано млеко (397 g)

57 грама путер од кикирики

100 гр путер од кикирики со грутки

100 гр чоколадо

75 гр кокосово брашно

 

Инструкции:

 

  1. Загрејте ја рерната на 190⁰C. Со фолија обложете четвртаст калап за печење со димензии 20х20 см. Измачкајте го калапот со стопен путер и оставете го на страна.

 

  1. Во сад истурете 1/4 чаша засладено кондензирано млеко и оставете го на страна. Во друг сад додадете го путерот од кикирики и преостанатото кондензирано млеко. Ставете го во микробранова печка 30 секунди. Мешајте ја смесата додека не стане течна. Оставете на страна да се излади.

 

  1. Измелете 3 чаши со мини переци се додека најголемите парчиња не бидат со големина на зрно грашок. Од оваа смеса земете 120 грама и вратете ги во процесорот. Додадете шеќер и стопен путер и мешајте непрекинато 20 секунди. Смесата ќе изгледа како влажен песок.

 

  1. Смесата се истура во подготвената тава. Со помош на чаша, цврсто притиснете ја смесата во рамномерен слој на дното на садот.

 

  1. Печете ја кората додека не стане цврста на допир и малку златна околу рабовите, околу 10 минути.

 

  1. Повторно измешајте ги путерот од кикирики и кондензираната смеса, а потоа истурете ја врз испечената кора и додадете уште 3/4 чаша од смесата со путер од кикирики. Додадете и пола од кокосовото брашно, половина од путерот од кикирики со грутки и пола од чоколадото.

 

  1. Истурете ја преостанатата смеса од путер од кикирики и кондензирано млеко преку целиот калап. Истурете го и преостанатото кокосово брашно, путерот од кикирики со грутки и чоколадото. Одозгора наредете ги целите парчиња мини переци и нежно притиснете надолу со рацете за да бидете сигурни дека слоевите се компактни. Прелијте го преостанатото кондензирано млеко.

 

  1. Се пече на средна температура 30-35 минути додека рабовите не добијат златна боја. Центарот може да биде малку мек, но плочките ќе се стврднат додека се ладат.

 

  1. Извадете ги плочките од рерна и ладете ги на решетка час и половина. Извадате ја фолијата и продолжете со ладење на решетката уште 1 час. Кога плочките ќе достигнат собна температура, завиткајте ги во најлонска фолија и оставете ги во фрижидер 2 часа или преку ноќ. Ова ќе обезбеди дека плочките ќе бидат цврсти.

 

Слични содржини