211
Едноставноста во припремањето на вкусни деликатеси е силниот адут на големите шефови на кујна. Џејми Оливер во својот редовен систем на готвење како адут го има лимонот и големото количество на зеленчук. Затоа ви препорачуваме едноставна салата пред ручек, која ќе ви овозможи пријатен процес на варење на храната. Состојките се достапни и ефтини.
Рукола салата содржи:
100 грама рукола
50 грама магданос
50 грама марула
1 свежа краставица
1 варен компир
Цеден лимон
Неколку зрна од калинка
Исечкајте на ситни парчиња и зачинете со маслиново масло.
.