Деликатесна салата од ориз

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Вкусна кремаста салата како дел од вашата свечена трпеза.

hitkujna-przen-oriz
Потребни состојки:
200 гр. конзервирана пченка
200 гр. варен ориз
100 гр. сечкани шампињони
4 лажици мајонез
5 кисели краставички
500 мл. кисела павлака
2 варени моркови


Начин на подготовка:

Варените моркови и киселите краставички се сечкаат на коцки.
Во длабок сад се ставаат сечканите шампињони, сечканите краставички и морковите, пченката убаво исцедена од водата и сварениот и добро исцеден ориз.
Сите состојки убаво заедно се мешаат, па се додава мајонезот и киселата павлака.
​Смесата се меша додека состојките убаво се соединат, се става малку сол и црн бибер, уште еднаш убаво се меша и салатата се сервира.