Деликатесни чоколадни колачиња

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Направете чоколадни коцки кои ќе го разубават вашиот ден.

 

images

Во вангличка се соединуваат сите состојки за тестото.
Се налеваат јогуртот, млекото, маслото и постепено се додаваат сите суви состојки.
Се промешува една минута со миксер колку да се соединат.
Се истура смесата во мала ростер тава и се печи околу 20 минути на 190 степени.
Се проверува со чепкалка дали е готово.
За тоа време го спремаме кремот.
Во касерола се налеваат млекото, шеќерот и пудингот.
Се промешуваат убаво да се изедначат па се стават на оган на тивко и се вари до згуснување.
Се трга на страна, се додава чоколадото да се истопи, се лади со повремено мешање.
Сега во сад се налива млекото и се додава шлагот.
Се мати до згуснување.
На скоро изладениот пудинг му се додава изматениот шлаг и убаво се соединува со миксер.
Овој крем се нанесува на подизладеното испечено тесто.
Се посипува со чоколадни трошки.
Нека се стегни 1-2 часа па се сервира

Извор: http://moirecepti.mk