224
Корисниците на дел од улиците „Дижонска“, „Ѓорѓи Димовски“ и „Вуковарска“ во општина Чаир денеска ќе немаат електрична енергија од 8:30 до 15:30 часот поради реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија, без струја од 9 до 15 часот ќе останат и корисниците на дел од ул. „Гаврил Константиновиќ“ во општина Аеродром.