Делови од Европа ќе бидат зафатени од орканска бура

од Milan1
31 прегледи

Многу области во Европа ќе бидат зафатени од многу неповолни временски прилики во форма на олујни ветрови и обилни врнежи. Во овој момент, силен циклон е се поинтезивен над Северниот Атлантик и се движи кон Британските острови. Во наредните денови овој циклон ќе се движи низ северот на Европа и ќе донесе ураганска бура.

Во следните 24 часа центарот на овој циклон ќе се помести северно од Британските острови. Воздушниот притисок ќе падне многу под нормалата. Циклонот ќе донесе силни и бурни ветрови во поширокото подрачје на Ирска, Велс, Англија и Шкотска, понекогаш и повеќе од 100 км/ч, со многу обилни и обилни дождови, вели метеорологот Ѓорѓе Ѓуриќ.

Огромни бранови ќе ги погодат крајбрежните области. Одредени области ќе бидат зафатени и од поплави со оглед на тоа дека ќе наврнат од 50 до 100 литри дожд на метар квадратен. Во текот на среда и четврток, циклонот ќе го продолжи низ Норвешкото море и ќе зајакнува се повеќе и повеќе. Се очекува „експлозија“ на циклонот над Норвешкото море, со пад на воздушниот притисок до 950 милибари.

Се очекуваат бури слични на урагани во Норвешкото Море и крајбрежните области на Норвешка, додека обилните врнежи ќе навлезат во внатрешноста на Скандинавија.

Слични содржини