Отпадоци од ракета пронајдени расфрлани низ ливада во Нов Јужен Велс, Австралија, биле дел од мисијата на вселенската компанија SpaceX на иноваторот и бизнисмен Елон Маск.
Ова го објави Ројтерс, повикувајќи се на соопштение на Австралиската вселенска агенција.
Според астрофизичарот Бред Такер, кој го посетил местото во Далгети за да ги испита остатоците, најголемото парче било долго околу 3 метри.
И покрај нивната големина, тие не претставуваат јавна опасност. Напротив – според Такер, тие се „исклучително ретко откритие“.
Астрофизичарот потврди дека остатоците „слетале“ на 9 јули.
Меѓутоа, поради тоа што се јагленисани при повторното влегување, фармерот Мик Минерс, на чиј имот паднале деловите од ракетата, ги помешал со изгорени дрвја. Неколку недели подоцна, сфатил што всушност стои среде неговата ливада.