Делови за дронови „Шахед“ вредни 16 милиони долари се уништени во пожар во Русија

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Рускиот магацин со делови за јуришните беспилотни летала „Шахед“ денеска е уништен од пожар при што е причинета материјална штета од 16 милиони долари, пренесе Укринформ.

Во магацинот на територијата на економската зона „Алабуга“ имало 65 дронови, како и резервни мотори, системи за навигација, термо видео камери и други делови, а уништени се сите делови од опремата, се вели во соопштението на Министерство за одбрана на Украина.

Не беше наведено која е причината за пожарот, а украинското Министерство соопшти дека тоа е „уште еден удар врз воено-индустрискиот комплекс на терористичка Русија“.

Слични содржини