242
Деловното расположение на компаниите во германската автомобилска индустрија дополнително се влоши во ноември, според истражувањето на институтот ifo.
Анкетираните компании ја оценуваат актуелната деловна состојба подобро отколку во октомври, но изразуваат поголем песимизам во деловните прогнози во наредните месеци, открива институтот.
Индексот на деловната клима на ifo во најважниот сектор на германската индустрија падна во ноември трет месец по ред, на минус 16,8 поени. Во октомври беше минус 16,3 поени.
Деловните прогнози се влошуваат уште од јуни, откри институтот.
„Германската автомобилска индустрија е заглавена во фаза на опаѓање“, заклучи Анита Волф од секторот за индустриска економија и нови технологии на ifo.