Делумно обновено движењето на возила на Кримскиот мост

од Stefanija Kuzmanovska

Обновено е движењето на возилата по Кримскиот мост во правец Таман-Керч, најави вицепремиерот на руската влада Марат Хуснулин.

„Моторниот сообраќај на Кримскиот мост е обновен во крајната десна лента во правец Таман-Керч“, изјави Хуснулин на Телеграм, пренесува РИА.

Тој додаде дека е можно мостот повторно да профункционира за возила во „најкус можен рок“ бидејќи анализата на конструкцијата потврдила дека повторно е возможно движењето на возила.

Слични содржини