Демант од „Шејн“: Не сме сопственици на локалот на улица „Македонија“

од Nikola Popovski
132 прегледи

„Шејн“ не е сопственик на локалот ниту на терасата на улица „Македонија“ и дека без да ни биде посочено во Договорот за закуп од страна на закуподавецот дека не може да се врши нашата дејност, демантираа денеска од компанијата во однос на вчерашните објави.

Тврдат дека локалот кој беше предмет на објава е во сопственост на друга компанија „од која ние го ние го изнајмивме со Договор за закуп, без притоа да ни биде посочено дека не смее да се врши продажба на текстил што не доведе до оваа ситуација“.

-Нашата компанија и брендот „Шејн“ е странска инвестиција во Македонија, нашите планови се долгорочни а нашите стандарди и вредности по кои се водиме е да се почитува домашната регулатива во целост.

Натписите кои ги прочитавме ги сметаме за тенденциозни и му штетат на угледот на брендот „Шејн“, ние како компанија која се занимава со продажба на текстил неколку пати ја комунициравме општината за решение за ситуацијата во која се најдовме, по што од страна на закуподавецот добивме информација дека сам ќе ја отстрани терасата во средина на јануари а нашиот закуп тука ќе заврши, додаваат од компанијата.

Им се извинуваат на граѓаните за ситуацијата во која се нашле и порачуваат до граѓаните дека се очекува бутикот „Шејн“ повторно да биде достапен во центарот на градот.

Слични содржини