Деми Ловато (28) неодамна се презентира во јавноста како небинарна личност.
Пејачката ја коментираше ситуацијата на концертот на гордоста на YouTube на кој присуствуваа многу sвезди кои го слават Денот на гордоста.
За нејзината облека на сцената, таа одбра жолта, црна и виолетова боја, кои се боите на знамето на небинарните луѓе.
– Уште учам и се пронаоѓам. Од кога го споделив ова со вас, тоа отвори нова ранливост. Сметам дека е чудно кога луѓето ми се обраќаат со „таа“. Верувам дека е тешко за нив да се прилагодат бидејќи тоа е нешто ново за нив, но сакам да ги охрабрам луѓето да продолжат да се обидуваат. Понекогаш и јас се збунувам, но тоа е нормално. Јас сè уште впловувам во новиот идентитет што ми одговара секој ден – објасни Деми.
Во времето на пандемијата, многу луѓе избраа да бидат она што навистина се. Деми не можеше да издржи повеќе, па реши отворено да зборува за нејзините тешки почетоци, болести и ослободување за кои на крајот се одлучи.
Деми била силувана на 15-годишна возраст додека работела во Дизни со sвезди како Мајли Сајрус, Селена Гомез и браќата Џонс. Во нејзиниот документарец „Танцувајќи со ѓаволот“ таа објасни дека се плаши да признае такво нешто затоа што во тоа време ѕвездите на Дизни носеа „прстени на невиност“, со кои се обврзаа дека нема да имаат секс пред брак.
После тоа, Деми доби булимија и започна да се дрогира. Нејзините предозирања резултираа со мозочни и срцеви удари.
Во март оваа година, Деми објави дека е пансексуална личност (сексуална ориентација која се карактеризира со сексуална, емоционална и духовна привлечност кон луѓето, без оглед на нивниот пол или родов идентитет).