Деми Мур повторно проговори за нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис, на кој му е дијагностицирана фронтотемпорална деменција. Во ново интервју таа откри вести за моменталната состојба на Вилис и како таа се справува со се.
„Секогаш ќе бидеме семејство, само во малку поинаков облик. За мене тоа никогаш не беше доведено во прашање. Одам таму, затоа што го правиш тоа за луѓето што ги сакаш“, изјави Мур за Variety. Таа додаде дека секоја недела го посетува Вилис и им дава поддршка на неговата сегашна сопруга Ема Хеминг и нивните ќерки Евелин и Мејбел. Деми ги има ќерките Румер, Скаут и Талула од бракот со Брус.
За потсетување, Брус Вилис ретко се појавува во јавноста од 2022 година. Тогаш прво му била дијагностицирана афазија, нарушување на говорот, кое подоцна напредувало во фронтотемпорална деменција. Неговата сопруга Ема често зборува за оваа дијагноза на својот Инстаграм.
Неговата ќерка Талула Вилис еднаш рече дека Брус „се чувствува на ист начин, што е добро во неговата ситуација“. „Нашите посети имаат толку многу љубов и мислам дека тоа надминува сè“, додаде таа. Иако состојбата на Брус беше тешка за целото семејство, Талула вели дека „создала можност за повеќе љубов“ меѓу нив.
Тоа е редок вид на деменција што предизвикува проблеми со однесувањето и говорот. Понекогаш се нарекува Пикова болест или деменција на фронталниот лобус. Првите видливи симптоми се промени во личноста и однесувањето и тешкотии во говорот. Овој тип на деменција влијае на фронталниот и темпоралниот лобус на мозокот, каде што се јавува оштетување поради болеста. Не е познато што го предизвикува, но често има генетска компонента.