Актерката Деми Мур конечно ги сподели своите чувства откако пропушти да ја добие наградата за најдобра женска улога на овогодинешните Оскари.
Иако не го криеше разочарувањето, Мур призна дека е очигледно дека наместо неа Оскарот ќе го добие актерката Мајки Медисон.
„Секако, човечкиот дел од мене, оној со его, се чувствува разочаран. Ќе беше навистина прекрасно да победев“, изјави Мур и додаде дека веќе има чувство дека 26-годишната Медисон ќе ја однесе победата.
За време на паузите за реклами, таа му шепнала на филмскиот продуцент Џејсон Вајнберг и му рече: „Мислам дека Мајки ќе победи“.
Иако камерите ја фатија Мур како му кажува нешто на Вајнберг веднаш откако Ема Стоун го прочита името на победникот, актерката изјавила дека однапред го знаела исходот.
„Не знам зошто, но само го почувствував тоа. Бев целосно смирена, не бев потресена. Не ги доживеав тие тешки емоции. Имав верба во се што требаше да се случи“, изјави Мур.
Оваа година, Мур веќе има освоено неколку престижни награди, меѓу кои и Златен глобус и награда на Screen Actors Guild (SAG) за нејзината улога како Елизабет Спаркл во „The Substance“, во режија на Корали Фаргеат. Покрај тоа, таа има земено и домашни награди од Critics Choice, BAFTA, Hamptons Film Festival, Savannah Film Festival и многу други.
Инаку, во наредните месеци Деми ќе се пресели во Тексас, каде ќе ја репризира улогата на Ками Милер во втората сезона на серијата „Landman“, додека Мајки Медисон се уште не најавила нови проекти, а неодамна ја одби главната улога во новиот филм „Star Wars“, кој ќе го режира Шон Леви, а главната улога ќе ја толкува Рајан Гослинг.