Демократијата била органски непозната на Русите, а тие биле “робови по дух”!

од desk3
71 прегледи

Демократијата била органски непозната на Русите, а тие биле “робови по дух” – кој расправа за слични работи, но не познава оној чист порив кон демократија, кој беше свесно задушен од денешната власт. Анализа на DW.

0,,17073052_303,00

Многу добро се сеќавам со каков ентузијазам беа пречекани првите конкурентни избори во времето на перестројката во советското општество. Затоа секогаш се навредуваm кога слушам некои kako раскажуваат, дека демократијата била органски непозната на Русите, а тие самите биле “робови по дух”. Во тоа време налетите кон демократија неслучајно се споиja со откажување од империјалистичките амбиции и аспирации. Сега е тешко човек да поверува во тоа, но во 1990 година Русите масовно објавуваa дека се радуваат најмногу на разоружувањето, на повлекувањето на советските војски од Источна Европа и на воспоставување на економски врски со Западот.

Почетокот на 1990-тите години беше период на патријархална чистота на демократијата. Комунистичката номенклатура веќе не беше во можност да манипулира со граѓаните, а новата руска бирократија и олигахиjata допрва почнуваа да се формираат. Скоро секој човек можеше да стане пратеник во Руската дума, дури и без да се ужива со финансиска поддршка и поддршка од власта. Но потоа дојде времето на манипулативна дегенерација на изборите.

Како да заживеат нзјдобрите изгледи за Европската унија

Кој ни ја одзеде верата во изборите?
Широко распространето е мислењето дека народот се откажал од демократијата. Вистината е друга: власта и бизнис-елитите уште во 1990-тите години ја дискредитираа, претворајќи ги изборите во фарса. Сум следел многу предизборни кампањи и сум се нагледал што ли не: директно и индиректно купување гласови, црн ПР, двојни листи, лажни флаери, провокативни гласини, убаво формулирани ветувања кои никој нема намера да ги исполни и скапите реклами во корист на “валканите пари” и “пријателските кругови”.

Со манипулација се случија претседателските избори во 1996 година, кога сите државни и олигархиските медиуми работеа за Елцин, а од владината зграда на Руската Федерација се изнесуваа пари со чанти. Првично Русите беа среќни од изобилството на политички ветувања, но со текот на времето се помирија со манипулативните избори како со некој звучен, но апсолутно бесмислен ритуал, кој едни “арамии” ги одржуваат во интерес на други. Како резултат на тоа, во почетокот на Путиновата ера речиси две третини од избирачите сметаа дека во Русија нема демократија. Под влијание на очигледната криза на демократскиот проект, во земјата се возгордеа и повикот за “цврста рака”, кој ќе воведе ред.
При Путин, власта постепено ги истурка олигарсите од политиката, ја монополизира телевизиската пропаганда и другите средства за манипулации. Изборите станаа нешто како договорен натпревар со однапред познат резултат. Единствено државата можеше да влијае на резултатот од изборите. Се чинеше дека општеството е поморено со оваа ситуација. Но стремежот кон демократија не се изгасна. Во 2011 и 2012 година средната класа во големите градови ја дигна глава и инсистираше за фер избори. Како одговор Кремљ ја искористи омилената тактика: чекор напред, два назад. Од една страна направи некои отстапки за намалување на тензиите, а од друга го заостри уште повеќе казните. Потоа сепак анексијата на Крим ја промени ситуацијата целосно. Под влијание на бранот од ура-џиски патриотизам, односот на Русите кон власта се промени во позитивна насока. Дури се зголеми бројот на луѓето кои веруваат во нејзината “демократичност”.

Зошто им на Русите избори?

Според една анкета на “Левада-центар”, над 40% од Русите ги сметаат претстојните избори за Државнаата дума за имитација, при што пратеничките места ќе бидат распределени по одлука на властите. Притоа само околу една четвртина од анкетираните сметаат дека изборите ќе бидат нечесни – со други зборови одреден дел од населението смета дека имитација на избори не е нешто нечесно. Русите имаат изгубено верба дека изборите можат да бидат чесни, но тие сепак не се откажале од идејата за демократија. Сеуште процентот на оние кои сметаат дека власта треба редовно да се менува преку сенародно и демократско гласање, останува значителен, како и порано. За тоа се залагаат 45% од испитаниците. Постепено слабее и копнежот по “цврстата рака”. Само едно малцинство од 5% смета дека земјата нема потреба од демократија.

Патриотарскиот и верно-поданичкиот бран е привремен феномен. А потребата од демократија останува стабилна меѓу руското општество. По се ‘изгледа дека откако овој бран ќе умре, луѓето повторно ќе инсистираат на слободни избори. И ако им успее да го постигнат тоа, ќе се врати и нивната вера во демократските избори – токму како што беше во времето на перестројката. Русите се подготвени за тоа. Авторитарна власт сепак не е, бидејќи фер избори и авторитаризмот се две некомпатибилни нешта.