Демократите освоија уште едно место во Сенатот

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Демократската партија на американскиот претседател Џо Бајден доцна во вторникот освои уште едно место во Сенатот, додека нејзиниот кандидат Рафаел Ворнок победи во сојузната држава Џорџија.

Сенаторот во заминување Ворнок го победи Хершел Вокер, исто така Афроамериканец, од редовите на републиканецот Доналд Трамп.

Оваа победа го потврдува многу тенкото мнозинство на демократите во Горниот дом на Конгресот.

Победата на Ворнок не го менува односот на силите во Конгресот, бидејќи демократите ја задржаа контролата врз Сенатот по првиот круг од парламентарните избори во ноември.

Републиканците го контролираат Претставничкиот дом, но со многу помало мнозинство од очекуваното.

Слични содржини