Демократската партија на Турците против одлуката на Иванов

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Демократската партија на Турците на Македонија денеска соопшти дека не се согласува со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов со општ акт да се прекинат сите кривични постапки против лица од власта и опозицијата произлезени од незаконски прислушкуваните разговори.

download

– Со одлуката на претседателот се оневозможува преку регуларна судска постапка да се открие целата вистина околу оваа афера која предизвика сериозна политичка криза во земјата. Од друга страна, со ваквиот акт се оневозможува дел од осомничените во регуларна судска постапка да ја докажат својата невиност за да не го носат жигот на аболиран носител на јавна функција, се вели во соопштението од ДПТМ.

Иако претседателот во своето обраќање до нацијата укажува дека одлуката ја донел самостојно, без консултација со политичките партии, а со цел заштита на државните интереси на Република Македонија, наведуваат од ДПТМ, реакциите после овој чин ја зголемуваат нашата загриженост за натамошниот развој на настаните кои како партија внимателно ќе ги следиме и соодветно на тоа ќе ги презентираме нашите ставови.