Демократски сојуз најостро ги осудува заканите од претседателот на Бугарија, Румен Радев, за блокирање на евроинтеграциите на Македонија, заради наводни загрозувања на правата на Бугарите во Макединија или неспроведување на Договорот за добрососедство и Преговарачката рамка.
– Бугарите во Македонија ги уживаат сите права како и другите етнички заедници, а Македонците во Бугарија немаат право ни на формирање на здруженија за негување на своите особености (јазични, културни итн).
Во врска со евроинтеграциите, Демократскиот сојуз ги афирмира следните три работи:
Прво, Советот на ЕУ, да донесе заклучок дека Македонскиот јазик ќе биде официјален по приемот на Македонија во ЕУ.
Второ, Советот на ЕУ да донесе заклучок дека историските, јазичните, образовните и идентитетските прашања не можат да бидат основа за блокада на евоинтеграциите на Македонија.
Трето, да се обезбеди реципроцитет за правата на Македонците во Бугарија и правата на Бугарите во Македонија.
Во оваа насока ЕУ треба да инсистира на спроведување на одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, во врска со правото на здружување на Македонците во Бугарија.
Овие ставови се доставени и до Урсула Фон Дер Лајен и ЕУ, а се отворени и пред бројни странски дипломати.
Само со заемен респект и почитување на Копенхашките критериуми можно е да се разрешуваат отворените прашања и Македонија да се движи напред, се наведува во партиското соопштение.