Демократски сојуз: Ова е арогантно задолжување на автократско владеење за колапс на Македонија

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Неразумното трошење на народните пари преку изградба на споменици, дуплирање на администрацијата, мегаломанските инфраструктурни проекти, организираниот криминал и блокадата на евроинтеграциските процеси, ја доведоа Македонија до економски и финансиски колапс.демократски-сојуз-хоризонтално

Задолжувањето на државата со издавање на еврообврзница од 650 милиони евра и дополнително за 350 милиони евра преку каматата за следните 10 години е своевиден грабеж на граѓаните.Ова одлука на Владата е без претходни анализи и пошироки консултации и е одраз на ароганцијата и автократско владеење.

Граѓаните не се согласуваат и понатаму да бидат задолжувани за да продолжи хаосот и грабежот. Затоа бараме во Парламентот да се отвори расправа за вкупните задолжувања и да се блокира реализацијата на еврообврзницата.

Сите други коментари можеме да ги сумираме во една реченица “Кучињата лаат, а карванот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ оди”. Демократскиот сојуз предлага брзи избори за да се случат промени и одговорност за лошите политики, деценискиот грабеж и иселувањето на над 600 илјади Македонци, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз