Демократски сојуз: Главни приоритети во 2023 година ќе бидат реформи во судскиот систем

од Radmila Tasevska
132 прегледи

Демократскиот сојуз очекува 2023 година, да биде година на силни предизвици и промени.

Нашите анализи и проценки се дека во мај месец ќе се одржат предвремени парламентарни и ќе се формира широка коалициона влада, а премиер ќе биде од партијата која што ќе освои најмногу пратеници.

Главни приоритети во наредната година ќе бидат реформи во судскиот систем, ревизија на работата на судиите и обвинителите, како и реизбор на истите, се со цел да се постават системски основи за кредибилен судски систем, отпорен на политички и коруптивни влијанија.

Во оваа насока се очекува робусна борба против организираниот криминал и високата корупција, конфискација на криминално стекнат имот и забрани за политичко дејствување, преку воспоставување на заокружен и ефикасен систем.

Доколку се постигнат овие две круцијални цели,ќе се обезбедат услови за владеење на правото, економски развој и имплементирање на вредностите на ЕУ и формално започнување на преговорите за влез во ЕУ.

За да започнат позитивните процеси и отворат перспективи за младите, неопходно е да се обезбеди поголемо единство и сплотеност, како и давање можност на креативните и способните кадри да заземат раководни позиции на сите нивоа.

Демократскиот сојуз на сите граѓани им посакува добро здравје, мир и успеси.

Слични содржини