Демонстрантите кои протестираа против пензиските реформи на францускиот претседател Емануел Макрон денеска го блокираа музејот „Лувр“ во Париз.
Според „Ројтерс“, мал број демонстранти кои протестираа против одлуката да се зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, го блокираа влезот во стаклената пирамида на „Лувр“, предизвикувајќи гнев кај туристите и посетителите на музејот.
Меѓу демонстрантите имало и вработени во музејот.