Демонстрантите направија хаос кај Триумфалната капија, конвојот се проби до Елисејските полиња

од Берта Китинска

Француската полиција денеска употреби солзавец против демонстрантите на Елисејските полиња во Париз, набргу по пристигнувањето на „конвојот на слободата“ што се бори против мерките за ковид во француската престолнина. Возила со демонстранти успеаја да ги поминат полициските контролни пунктови во центарот на Париз со цел да го попречат сообраќајот околу Триумфалната капија.

Демонстрантите инспирирани од слични протести во Канада вееја француски знамиња и дуваа во сирените на возилата и покрај наредбите на полицијата да не влегуваат во Париз. Речиси 7.200 полицајци се распоредени во Париз, објави Ројтерс. За прв пат по немирите за време на демонстрациите на „жолтите елеци“ во 2018 година, жандармеријата изнесе и оклопни возила на улиците.

Француските демонстранти, инспирирани од протестот на канадските камионџии, се противат на сертификатите за вакцинација потребни за влез во ресторани, барови и јавни простори.

Слични содржини