12
Во Израел се одржаа протести каде десетици илјади луѓе ширум земјата бараа договор за израелските заложници кои ги држи Хамас и нови избори.
Во Тел Авив, десетици илјади демонстранти, вклучително и роднини на заложниците кои ги држеше Хамас во Газа, побараа враќање на нивните најблиски, со апели до премиерот Бенјамин Нетанјаху и преговарачкиот тим да постигнат договор, пишува The Times of Israel.
Илај Давид, чиј брат Евиатар Давид (23) е заробен во Газа, им рекол на Нетанјаху и на преговарачкиот тим дека „дојде време секој заложник веднаш да се врати дома“.