Извор од Белата куќа близок до учесниците во насилните демонстрации во Вашингтон изјави дека целта на демонстрантите е да останат во зградата на Капитол цела ноќ, пренесува Си-Ен-Ен.
Според Си-Ен-Ен, тоа може да доведе до дополнително попречување на уставниот процес на предавање на власта меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден.
„Нивната цел е да го окупираат Капитол цела ноќ“, изјави изворот за Си-Ен-Ен.
Извори блиски до кабинетот на Трамп наведуваат дека се повеќе луѓе блиски до Трамп буквално го молат да го прекине хаосот во Вашингтон.
Сепак, претседателот во заминување на САД не ги слуша, но им рече на демонстрантите дека „ги сака“ и дека „ја чувствува нивната болка“.