Во Црна Гора денеска е Ден на жалост поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното убиство во селата околу Смедерево и Младеновац.
„На Денот на жалоста, согласно Законот за државните симболи и Денот на државноста, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје на сите згради на државните органи и зградите на органите на локалната самоуправа и јавните институции“, соопшти црногорската влада. , пренесува порталот CdM.
„Во согласност со Одлуката, на ден на жалост нема да се одржуваат јавни, културно-забавни програми на јавни места, а во угостителските објекти нема да се емитува музика. Електронските и другите медиуми се должни да ги приспособат своите програмски содржини на означување ден на жалост“, се додава во соопштението.