Ден на жалост во Финска, напаѓачот во основно училиште се изјасни за виновен

од Симе Стоиков
143 прегледи

Денеска во Финска е ден на жалост за жртвата на пукање во основно училиште во градот Вантаа кај Хелсинки, а полицијата соопшти дека осомниченото момче (12) се изјаснило за виновно за нападот.

Соопштено е дека се познати и мотивите на осомничениот кој ги признал при сослушувањето, пренесува финскиот јавен сервис без да наведе други детали.

Момче (12) од здобиените повреди починало на лице место, а две повредени девојки се во тешка состојба во болница.

Напаѓачот е фатен во предградието на Хелсинки, Силтамаки, а пукањето се случило во училиштето Виертола, на кое присуствувале околу 800 ученици од прво до деветто одделение и каде работат околу 90 вработени. Наставата во ова училиште продолжи денеска.

Слични содржини