Денес е голем христијански празник – ова никако не смеете да го правите

од VIktor_P
1,2K прегледи

Покрај тоа што си имаат и посебни празници светите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат и еден заеднички празник.

На 12 февруари според новиот, односно на 30 јануари според стариот календар, нашиот народ го празнува празникот на тројцата светители: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст. Многумина не знаат за кои светители станува збор, но знаат дека тоа се значајни личности што страдале за Христовата вера.

Во некои места, пак, се раскажува дека тие „заедно душа дале за христијанството“. Некаде народното верување отишло уште подалеку. Во Охрид, како што запишал Е. Спространов, „Три стопци“, наместо три столбци, или три светители, е на 30 коложег. Веруваат дека тие ја крепеле земјата. Ако не биле тие, таа ќе пропаднела.

Се смета дека ако на овој голем празник на тројцата светители дува ветер тоа е лош знак, зошто ветрот покажува какво ќе биде времето во текот на цела година. Денеска не треба да се работи тешка работа по дома.

Фото пекселс

Слични содржини