Денес е светски ден за подигање на свесноста за аутизмот

од Andreja Salpe
568 прегледи

Денес здруженијата „Сина светулка“  и „KoRЯunners“ организираат настан со симболично трчање на кејот на Вардар кој ќе го одбележи светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот.

Втори април како светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот се одбележува од 2008 година, на предлог на државата Катар со одлука на Генералното собрание на ООН. Од тогаш, во сите земји членки на овој ден се организираат настани кои имаат цел да го насочат вниманието кон нарушувањата од спектарот на аутизам и предизвиците со кои се соочуваат оваа група граѓани и нивните семејства.

Целта е да се испрати порака дека лицата со аутизам се рамноправни членови во општеството и треба да им се овозможи да се учествуваат во сите сфери на нашето општествено живеење вклучувајќи го и спортот.

Здружението „Сина светулка“ активно учествува во подигнување на свесноста и нивото на третман на децата и лицата со нарушувања од спектарот на аутизам во нашата држава. За таа цел, во периодот што следува здружението ќе овозможи бесплатни консултации и индивидуална поддршка на семејствата и децата со аутизам, но и бесплатни едукации за сите стручни лица наменети за стекнување знаења и вештини за примена на стратегии за справување со предизвиците во однесувањето на децата со аутизам во редовните училишта.

Слични содржини