205
Речиси 200.000 луѓе му оддадоа почит на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, чие тело е изложено во ковчег во Ватикан, пред неговиот погреб закажан за денес.
Папата Франциско ја извршува погребната служба и тоа е првпат поглаварот на Католичката црква да го погреба својот претходник по повеќе од 220 години, јавува Би-би-си.
Поранешниот папа почина на новогодишната ноќ на 95-годишна возраст, речиси една деценија откако поднесе оставка во 2013 година поради нарушено здравје.
Бидејќи Бенедикт повеќе не беше на чело на Ватикан кога почина, ќе присуствуваат само официјални делегации од Италија и од родната Германија на Бенедикт.