Утре се празнува голем светец: Ова треба да го одбегнувате

од VIktor_P
1,9K прегледи

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) утре е 28 август.

Утре е Преподобен Мојсеј Мурин Родум Етиопјанин, а најнапред беше разбојник и водач на разбојничка дружина. Потоа покајник и голем подвижник. Како роб на еден господар, Мојсеј побегна и се вброја меѓу разбојниците. Заради неговата голема телесна сила и безобзирност, разбојниците го избраа за старешина.

Одеднаш го фати грижа на совеста и покајание за се што имаше извршено. Ја остави дружината, стапи во еден манастир и се предаде на потполна послушност кон својот духовник и на манастирскиот типик. Многу се служеше со поуките на Светите Макариј, Арсениј и Исидор. Подоцна се повлече на безмолвие во една келија, каде сиот се предаде на телесен труд, молитва, бдение и богомислие.

Кога му го исповеда ова на духовникот Исидор, доби совет да пости што повеќе и да не јаде до ситост. Но кога и тоа не му помогна, тој на совет од Старецот почна ноќе да бдее и да се моли стоејќи.

Потоа си постави обичај по цела ноќ да им носи на Старците вода од бунарот. По шестгодишен страшен труд, најпосле Свети Исидор чудесно го исцели од блудните помисли, мечтаења и сништа, наведувани врз него. На старост беше ракоположен за свештеник. Основа свој манастир и имаше седумдесет и пет ученици. Во овој живот поживеа седумдесет и пет години.

Според обичаите денеска треба да одбегнувате земање во рака остри предмети.

Вистинскиот христијанин ја одбегнува човековата пофалба, не само што ја одбегнува туку има вистински страв од неа.

Слични содржини