Денес се слави Богојавление-Водици: За првпат без церемонијата на фрлање на крстот

382 прегледи

Денес се слави големиот христијански празник, Богојавление – Водици. На овој ден според писанијата во Библијата, Св. Јован Крстител го крстил божјиот син, Исус Хрисос во реката Јордан.

За првпат годинава инаку, како што е познато, поради Ковид пандемијата, нема да се оддржи традиционалното фрлање и фаќање на крстот во водите на Вардар во Скопје, но и другите градови. Но, како што е најавено, богослужби ќе има во црквите.

Меѓудругото, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски уште еднаш апелираше да се биде на висина на задачата и граѓаните како и досега да бидат примерни и да ги почитуваат мерките за заштита и безбедност од Ковид 19.

 

Слични содржини