160
Денес вработените од здравствената установа ГОБ „8-ми Септември“ ќе протестираат пред влезот на болницата поради неисплатената плата.
Оттаму најавија дека протестот ќе се случува од 13 до 13.30 часот, за време на законската пауза што нема да го наруши работниот процес во здравствената установа.
Тие ги повикуваат нивните колеги да се приклучат кон мирниот протест и да го изразат своето незадоволство.
ФЗО претходно соопшти дека најдоцна до понеделник (денес) ја очекува потребната документација за исплата на плати од сите јавни здравствени установи, по сајбер-нападот на системот за работа во оваа институција од почетокот на минатата недела.