Денеска „Apple“ ќе го претстави новиот „iPhone SE“

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Денес “Епл” (Apple) ќе претстави уште еден прилог во смартфон линијата – “iPhone SE”. Ова не е “iPhone 7”, кој треба да се појави кон крајот на септември, туку комбинација помеѓу големината на iPhone 5 и карактеристиките на iPhone 6s.iphones_2016_7

Се очекува привремениот модел да е со пониска цена од апаратите во основната линија. Настанот, на кој технолошкиот гигант ќе го претстави новиот апарат, заедно со нов модел на таблетите iPad, почнува во 19 часот.

Британскиот “Телеграф” резимира кратко што се очекува да претставува новиот апарат на популарната марка.

Во 2014 година “Епл” значително ја зголеми големината на екранот, а оттаму и на целиот “iPhone”. Апаратите “iPhone 6” и 6s имаа соодветно 4,7 и 5,5 инчни екрани. За споредба, “iPhone SE” ќе ја врати на големината на iPhone 5 кој има 4-инчен дисплеј и копче за вклучување во горниот дел на панелот, наместо од страна.

Изгледот на новиот апарат ќе биде многу близок до оној на “iPhone 5s”, но тој ќе се нуди во новите бои, воведени со “iPhone 6S”, вклучувајќи ја популарната “розово златна”. Најверојатно “iPhone SE” ќе ја има 12 мегапикселната камера на “iPhone 6S”, а и ќе овозможува 4К видео снимање. Најверојатно сепак ќе отсуствува технологијата “3D Touch”.

Процесорот “А9” ќе го направи побрз. Што се однесува до меморијата ќе биде изненадување ако од “Епл” ја изневериле шемата, при што смартфоните им почнуваат од 16-Гигабајтната опција.

Најверојатно апаратите ќе бидат достапни за претходна нарачка преку интернет овој петок, а вистинската продажба ќе започне следната недела. Поради не толку гламурозниот карактер на “SE” моделот, можно е тој тивко да биде пуштен за продажба уште оваа недела.