Денеска ќе се имунизираат пратениците

од Берта Китинска

Денеска во А1 СЦ Борис Трајковски ќе се вакцинираат пратениците од Собранието.

Вакцинацијата на пратениците ќе се одвива во три групи односно од 10 до 18 часот. На 14 ти месецов беа вакцинирани собраниските служби.

„Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на законодавниот дом и непречено носење на закони во интерес на граѓаните. Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, согласно Националната стратегија таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура“, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 149.221, бројката на оздравени пациенти е 126.234, на починати е 4.595, а бројот на активни случаи изнесува 18.392.

Слични содржини