Денеска ќе се прави корекција на орбитата на МВС

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Корекцијата на орбитата на МВС ќе биде извршена утрото на 27 август, соопшти претставник на Центарот за управување на летовите, цитиран од РИА-Новости. Претходно претставникот на ЦУП соопшти дека операцијата била одложена од 25 август во врска со спецификација на оптимални балистички услови за подготовка на слетувањето на бродот “Сојуз МС-04”.

За вршење на маневрот ќе се користат моторите на бродот “Прогресс МС-06”, кој е поврзан со МВС.

Се очекува моторите да работат 177 секунди и просечната висина на станицата да се зголеми за околу 0,6 километри и да стигне 404,2 километри.