Откако Специјалното јавно обвинителсто ги осомничи и притоа предложи мерки на претпазливост во случајот „Тврдина“ денеска треба да биде соопштена одлуката дали ќе им бидат одземени патните исправи на екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, двајцата началници на МВР и еден архивар.

За одлуката решава судија на претходна постапка, додека пак Кривичниот суд треба да се произнесе за мерката притвор на Горан Грујевски.
Адвокатскиот тим на Началникот на Петта управа на МВР ја обжали одлуката на судот за притворот на Грујевски кој во моментов се наоѓа во притвор на Шутка