Денеска променливо облачно со слаб до умерен северен ветер

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Изутрина ќе има зголемена облачност, а на југостик ќе има повремен дожд.

Врнежите попладне ќе престанат, а од север облачноста ќе започне да се намалува. Поради постуден воздух кој ќе се прошири од север преку денот ќе остане свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од пет до 13 степени, а дневната температура од 11 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со намалена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од седум до 18 степени.

Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Утринските температури и понатаму ќе се задржат од неколку степени над нулата и повисоки.

Слични содржини