Денеска ретко затемнување на „крвавата месечина“, последно до 2025 година

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Реткото затемнување на „крвавата месечина“, последно до 2025 година, ќе се случи денеска и ќе биде видливо од речиси целиот свет.

Овој спектакуларен астрономски феномен е познат како „крвава месечина“ поради чудната црвеникава нијанса што месечината ја добива и може да се набљудува без специјална опрема.

Следното целосно затемнување на месечината нема да се случи пред 13-14  март 2025 година, во зависност од географската локација, пишува порталот ScienceAlert.

Целосно затемнување на месечината се случува кога Земјата ќе помине помеѓу сонцето и месечината, фрлајќи ја својата сенка врз месечината. Додека директната сончева светлина е целосно блокирана, атмосферата на Земјата е доволно проѕирна за да дозволи малку светлина да помине до месечината.

Денешното затемнување на месечината ќе трае 1 час и 25 минути, што е доволно време за гледање, а ќе биде видливо од поголемиот дел од светот.

Слични содржини