Собранието треба да ја одржи 61-та седница

од Берта Китинска
225 прегледи

Собранието денеска треба да ја одржи 61-та седница, на чиј дневен ред, меѓу другото, е Предлог одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ).

Во рамки на седницата пратениците треба да расправаат и за Предлогот за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, како и Предлог одлуката за давање согласност на Годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година.

На дневен ред на седницата е и Предлог одлуката за давање согласност на Финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година и Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година.

Во понеделникот ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Собранието поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Влада со цел да се избришат одредбите пред избори да се формира преодна, односно т.н. пржинска влада. Тогаш посочија оти очекуваат овој предлог да биде ставен на дневен ред на денешната седница. Владејачките партии во Собранието, се согласни дека „пржинската влада” треба да се укине, но оти тоа треба да се направи со консензус на партиите. За тоа, посочија, има време, нема да има предвремени парламентарни избори, туку редовни во 2024 година.

Слични содржини