Говорник: Димитар Стевананџија
Како што наближуваат изборите, така расте очајот на СДСМ.
Како што расте очајот на СДСМ, така се зголемува бројот на лаги со кои СДСМ сака да го покрие стравот од соочувањето со граѓаните и немањето поддршка за нивните деструктивни политики.
Даниела Рангелова од Брвеница, вчера ја сруши кулата од лаги кои ја градеше СДСМ. Нејзиниот грев беше дека се вика и презива исто како пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Доволно СДСМ да да фабрикува афера и лажно да обвини за изборни измами.
Откако паднаа во вода ефтините манипулации на СДСМ за фантомски гласачи, откако се потврди дека не постојат стотици илјади фантоми, СДСМ почна да го спори тоа што граѓаните во повеќе места, вклучувајќи ја и Брвеница немаат адреси.
На јавноста треба да и биде јасно дека тоа е така затоа што во повеќе населени места нема систем на улици. Сите кои живеат во овие места затоа се регистрирани на иста адреса која им е дадена од МВР, кое сега е раководено од техничкиот министер Оливер Спасовски.
Мене ме обвинија дека на адресата на која што живеам се регистрирани 22 гласачи. Сакам да појаснам дека станува збор за станбена зграда стара 55 години со 2 влеза и 16 станови во кои живеат моите соседите. Манипулацијата на медиумите финансирани од Сорос и СДСМ е во тоа што ги вадат сите лица кои живеат на адреса ул. „Борис Кидриќ“ бр 16, но не кажуваат за колку станови станува збор. Ваквите лаги и манипулации на СДСМ, не минуваат. Сите соседи се згрозени од злоупотребите на СДСМ и јас сум убеден дека за ваквата деструктивна политика ќе добијат соодветен одговор на 5 јуни.
Говорник: Томислав Лазаров
Општина Центар повторно далеку од очите на јавноста и на нетранспарентен начин троши пари од општинскиот буџет.
Жерновски и СДСМ во тајност одлучија да прераспределат средства од општинскиот буџет во износ од ЕДЕН МИЛИОН денари и тоа од ставката Јавна чистота во ставката Здруженија на граѓани и фондации.
Граѓаните на општина Центар треба да знаат каде и на каков начин се трошат општинските пари, а не ваквите одлуки да се носат далеку од очите на јавноста во конспиративни услови и во најголема тајност.
Граѓаните на општина Центар имаат право да знаат дека доколку имаат забелешки за хигиената во општина Центар, тоа е затоа што еден милион денари општински пари наместо да се потрошат за јавната чистота ќе се потрошат за организација на деструктивните кампањи и протести зад кои стојат разни невладини здруженија.
На ист ваков начин, нетранспарентно и конспиративно, Жерновски и СДСМ одлучија да градат шест нови спомен обележја.
Јавноста остана без одговор колку ќе чини второто спомен обележје на поранешниот претседател Киро Глигоров, спомен обележјето на „Играчите на Фанта“, на „кројачот Ангелковски“, архитектот Живко Поповски или „Железничката колонија“.
Жерновски и СДСМ објавија дека предлозите за новите споменици во општина Центар дошле како предлог токму на вакви здруженија на граѓани и организации.
Жерновски и СДСМ не им објаснија на граѓаните од Центар зошто се поважни за нашата историја „Играчите на Фанта“ од Гоце Делчев или кој било друг револуционер чии спомен обележја жестоко ги критикуваа.
Жерновски и СДСМ не им објаснија на граѓаните на Центар зошто е поважна „Железничка колонија“ отколку спомен обележјето на АСНОМ.
ВМРО-ДПМНЕ не ја спори одлуката да му се изгради спомен одбележје на „Кројач Ангелковски“, но треба да се размисли и за изградба на спомен одбележја и на други личности кои оставиле печат во живеењето на Скопје и кои заслужуваат минимум еднаков третман како и “играчите на фанта” на Жерновски и СДСМ.
Граѓаните знаат дека за советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно ништо спорно во тоа да им се изградат спомен одбележја на истакнати историски личности или значајни историски настани.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе го поддржува позитивниот однос на општината кон значајните личности од историјата на македонскиот народ. Јавноста многу добро знае дека ВМРО-ДПМНЕ преку изградба на спомен обележја им оддаде должна почит на Гоце Делчев, Методија Андонов Ченто, на Павел Шатев и на десетици други кои оставиле траен печат во историјата на Република Македонија.
Говорник: Павле Саздов
СДСМ и медиумите финансирани од нив и Сорос, ме обвинија дека поседувам куќа во Бутел и дека на таа адреса се регистрирани 15 гласачи. Јас куќа и стан во Република македонија не поседувам, а на адресата на која што живеам сме регистрирани само јас и мојата сопруга што може да се види со обична проверка на избирачкиот список.
Толку од аферите на СДСМ.
Јавноста треба да знае дека разликата меѓу поддршката што ја има ВМРО ДПМНЕ и онаа што ја ужива СДСМ не се 10 гласови, не се 100, не се 1000, туку се 200 000 гласа разлика. Оваа разлика се повторува изминативе десет години во сите избирачки циклуси. Јас сум сигурен дека со продолжување на деструктивните сценарија од страна на СДСМ тие ќе тонат уште подлабоко и таа разлика од 200 000 гласа на изборите на 5 јуни ќе биде уште поголема.
Со ова СДСМ остана без алиби за поразот кој наближува на 5-ти јуни.
После 10 години во опозиција, ВМРО ДПМНЕ има двојно поголем рејтинг од СДСМ и секому сега му е јасно зошто. Со лаги и манипулации не се стекнува доверба кај граѓаните.
ВМРО ДПМНЕ бара од ДИК и од МВР, двете најодговорни институции за спроведување на изборите, каде СДСМ има контрола да бидат на висина на задачата и да ги преземат сите активности што треба да ги превземат со цел да маме кредибилни избори на 5 јуни. СДСМ и Зоран Заев нема никакво оправдување за поразот кој што им претстои.