Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 41. седница на која на дневен ред се 70 точки – предлог одлуки и закони од повеќе области, како и интерпелации за работата на министерот за правда Бојан Маричиќ и на вицепремиерот за борба против корупцијата, за одржлив развој и за човечки ресурски Љупчо Николовски, поднесени од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според предложениот дневен ред, интерпелациите за Маричиќ и Николовски се 35 и 36 точка на седницата, а први точки се предлог одлуките за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународните операции на Европската Унија „ALTEA“ во Босна и Херцеговина и „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република.
Треба да се расправа и за Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина и Владите на другите страни на Иницијативата за подготвеност и превенција во случај на катастрофи во Југоисточна Европа за аранжманите со земјата-домаќин за Секретаријатот на Иницијативата за подготвеност и превенција во случај на катастрофи во Југоисточна Европа, предлозите за именување член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, за престанок на мандат на член и за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво, за именување неизвршни членови на Советот на Народната банка.
Пред пратениците се и предлог законите за изменување и дополнување на законите за комплементарна и алтернативна медицина, за лековите и медицинските средства, за внатрешната пловидба, за јавна чистота, за заштита на правата на пациентите, за прекурзори, сите во второ читање, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци, по скратена постапка.
Законодавниот дом ќе расправа и за Предлог законот за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање на пациенти со Ковид-19 во приватните здравствени установи, по скратена постапка, поднесен од пратенците Димитар Апасиев и Борислав Крмов, како и Предлог законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, на предлог на пратениците Синиша Стојановски, Петар Ристески, Кирил Пецаков, Јадранка Поцкова, Александар Велјановски, Тимчо Муцунски, Ане Лашкоска, Ангелинка Петкова, Бети Стаменкоска Трајкоска, Бране Петрушевски, Марија Петрушевска, Бојан Стојаноски, Ели Панова, Дарко Костовски, Љупчо Пренџов, Даниела Христова, Здравко Трајанов, Мирче Аџиоски, Иванка Василевска, Игор Здравковски, Зоранчо Јованчев, Дајанчо Ефтимов, Благица Ласовска, Силвана Ангелевска, Јован Јаулески, Рашела Мизрахи, Лидија Петкоска, Олга Лозановска, Дафина Стојаноска, Владо Мисајловски, Никола Мицевски, Игор Јанушев, Иван Стоилковиќ, Љупчо Димовски.
Според предложениот дневен ред, во прво читање на дневниот ред на седницата се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови, предлог законите за буџети, за обарзование на возрасните, предлог законите за изменување и дополнување на законот за финансиската полиција, за задолжителни нафтени резерви, за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, за Бирото за развој на образованието, за личната карта, за градежните производи.
За собраниска дебата се поставени и Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, во прво читање поднесен од пратениците Павле Трајанов, Димитар Апасиев, Боби Мојсоски, Љупчо Балкоски, Панчо Минов, Моника Зајкова, Борислав Крмов, Маја Морачанин и Мирослав Богдановски, како и Предлог на закон за продажба на станови кои потекнуваат од станбениот фонд на поранешна ЈНА или се добиени по пат на замена на недвижен имот кој потекнува од поранешната ЈНА и се доделени на користење на лица вработени во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, исто така во прво литање, а поднесен од Илија Николовски, Миле Талевски, Лазе Таневски, Арта Билали – Зендели, Мирослав Јованови.
Предлог одлуките за давање согласност на предлогот на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија за 2021 и на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2021 година се исто така на дневен ред на собраниската седница.