Денеска во Универзална сала ќе го презентираме најдрскиот грабеж на изборите

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Лидерот на СДСМ,  Зоран Заев на последната  прес-конференција најави дека денеска  во Универзална сала ќе го презентира, како што рече, најдрскиот грабеж на изборниот процес од страна на Никола Груевски и неговите соработници.

 izboren-grabez1
СДСМ вечер ќе продолжи да објавува снимки од  прислушуваните разговори на високи државни службеници, а кои се однесуваат на изборите и изборните нерегуларности, соопшти партијата.
Според лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска ќе се објават најстрашните детали од изборните нерегуларности.
Денешното објавување на снимките е замислено како еден вид трибина, соопштуваат од СДСМ. Во петокот Заев објави само дел од снимките што се однесуваат на последните два-три изборни циклуси.
Фалсификување лични документи,  притисоци врз администрацијата, фирмите, земјоделците, наставници, врз социјално загрозените,  пензионерите, се само дел од злоупотребите за кои се говори во материјалите кои Заев ги објави во петокот