Денеска започнува новото броење на гласовите за претседател на Република Српска

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Врз основа на наредбата на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина, денеска во 15 часот и 30 минути во Главниот центар за броење во сараевската сала Зетра ќе започне новото броење на гласовите за функцијата претседател и потпретседател на Република Српска.

На пребројувањето може да присуствуваат акредитирани набљудувачи на политичките партии, пред кои се овластените кандидати за претседател и потпретседател на РС и независните кандидати, кандидати кои се појавуваат на гласачкото ливче, како и акредитирани набљудувачи за следење на Главниот центар за броење, соопштија од ЦИК, пренесува „Анадолија“.

Се наведува дека три јавни радио-телевизиски сервиси во Босна и Херцеговина (РТВБиХ, РТВФБиХ и РТРС), доколку покажат интерес, можат во живо да го пренесуваат отворањето на вреќите и контролното пребројување на гласачките ливчиња за нов претседател и потпретседател на Република Српска. Истото ќе им биде достапно и на другите заинтересирани медиуми во Босна и Херцеговина.

Според досегашните резултати, кандидатот на Сојузот на независни социјалдемократи за претседател на РС, Милорад Додик има 291.915 гласови, а Јелена Тривиќ (Партија за демократски напредок) има 262.969, што е разлика од речиси 29.000 гласови.

Опозицијата во РС побара ново пребројување на гласовите бидејќи се убедени дека се украдени гласови за нивната кандидатка.

Слични содржини