435
Британската кралица Елизабета им се заблагодари на сите кои учествуваа на прославата на „платинестиот јубилеј“ во пресрет на четирите дена помпезност, забави, паради и државни празници, со кои се одбележуваат нејзините рекордни 70 години на британскиот трон, пренесува „Ројтерс“.
Кралицата прославува седум децении од владеењето со серија свечени настани кои започнуваат денес и траат до недела, а Елизабета е првиот британски монарх кој го прославува платинестиот јубилеј.
Се очекува милиони луѓе ширум Британија и светот да се приклучат на прославите во чест на 96-годишната кралица, соопшти британската влада.