Денеска започнува прославата на големиот „платинест јубилеј“ на кралицата Елизабета

од Stefanija Kuzmanovska

Британската кралица Елизабета им се заблагодари на сите кои учествуваа на прославата на „платинестиот јубилеј“ во пресрет на четирите дена помпезност, забави, паради и државни празници, со кои се одбележуваат нејзините рекордни 70 години на британскиот трон, пренесува „Ројтерс“.

Кралицата прославува седум децении од владеењето со серија свечени настани кои започнуваат денес и траат до недела, а Елизабета е првиот британски монарх кој го прославува платинестиот јубилеј.

Се очекува милиони луѓе ширум Британија и светот да се приклучат на прославите во чест на 96-годишната кралица, соопшти британската влада.

Слични содржини